spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Прогласени најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2021 година

Град Скопје: Прогласени најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2021 година

Градот Скопје во соработка со Агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата, по 14-ти пат го реализира проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ во Град Скопје за 2021 година.

Овој проект произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2021 година, а целта на истиот е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет и на целокупниот амбиент во угостителските објекти на територијата на градот.

Тајните купувачи, ангажирани од SWOT Research ги завршија посетите на угостителските објекти, кои по случаен избор влегоа во трката за Најдобар угостителски објект во 2021 година, по што следуваше сумирање на резултатите, од кои произлегоа заклучоци и препораки за подобрување на услугата во иднина. Најдобрите угостителски објекти се избираат по пат на независни и објективни тајни купувачи (mystery shopping), при што беа посетени 173 угостителски објекти, а се оценуваше квалитетот на услугата според следните 9 елементи:

1. Прв контакт – (поздравување и упатување кон место за седење, приоѓање на келнерот, поздравување),
2. Хигиена на објектот – (чистота на простор, маси, чаршафи, столови, прибор, мени),
3. Covid – 19 критериуми (носење заштитна маска, дистанца на маси, средства за дезинфекција),
4. Тоалет – (хигиена на простор и санитарии, бришачи, заклучување, закачалки),
5. Амбиент – (осветлување, температура, миризба, музика),
6. Услуга на келнерите – (љубезност, проактивност, волја да се излезе во пресрет, посветеност, однесување),
7. Општа услуга – (асортиман, адекватно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка),
8. Квалитет на храната – (свежина, количина, вкус),
9. Завршен контакт – (заблагодарување и отпоздравување).

Најдобри угостителски објекти во Скопје за 2021 година, во четирите категории се:

Категорија ресторани

1 место: Пелистер
2 место: FOUR
3 место: CARPE DIEM

Категорија гостилници

1 место: Дебар маало
2 место: Градска кафеана – Кај Јоле
3 место: Дукат

Категорија Lounge и мезе барови

1 место: ДISTRIKT BAR &KITCHEN
2 место: Public room
3 место: SOUL KITCHEN

Категорија кафулиња

1 место: Mr. Jack
2 место: CHILLIN’ BAR
3 место: DEUS

Годинава, како и изминатата година традиционалното доделување на плакетите на најдобрите се одржа во рамки на протоколите со лимитиран број на лица, поради пандемијата со ковид-19 вирусот, а со цел заштита и превенција од ширење на истиот.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...