spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Изјава на Маричиќ пред почетокот на Конференцијата на министри за правда...

МП: Изјава на Маричиќ пред почетокот на Конференцијата на министри за правда ЕУ- Западен Балкан – @EU2021SI

Почитувани,

Ви ја испраќаме изјавата на министерот за правда Бојан Маричиќ пред почетокот на Конференцијата на министри за правда ЕУ- Западен Балкан во рамките на @EU2021SI во Крањ, Република Словенија.

ЛИНК:  ИЗЈАВА БОЈАН МАРИЧИЌ

ТРАНСКРИПТ:

Овој денешен настан во овој формат каде што работат заедно министрите за правда и внатрешни работи од Западен Балкан и претставниците на Европска Унија е вистински начин како да се отворат важни прашања и како да се размени искуство меѓу овие два фактори и како полесно да правиме планови за брзи реформи. Покриваме три важни теми: владеење на правото, едукација во правосудството и дигитализација во правосудството. Сите овие три теми се приоритетна Владата на Република Северна Македонија и токму затоа сме среќни што можеме да придонесеме во оваа дискусија и што можеме да научиме од другите колеги за да знаеме како подобро и како побрзо да ги направиме реформите. Реформите ги правиме за нас, пред сè за нашите граѓани за наш бенефит, но сепак рамката во која треба тие да се одвиваат и побрзо и поефикасно и подобро се преговорите за членство во Европската Унија. Токму затоа апелираме и на овој настан што поскоро Европската Унија да донесе одлука за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија и да ги почнеме преговорите час поскоро за да можеме да дадеме и подобри резултати и поефикасни реформи во брз рок.

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...