spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Средба со градоначалниците на Југоисточниот и Вардарскиот плански регион

МЖСПП: Средба со градоначалниците на Југоисточниот и Вардарскиот плански регион

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и раководителот на Секторот за отпад Ана Каранфилова Мазневска одржаа средба со градоначалниците на Југоисточниот и Вардарскиот плански регион.

Целта на средбата беше да се запознаат градоначалниците за планираните активности за воспоставување на системот за управување со отпад за овие региони, за што е изработена Студија од страна на ЕБРД.

 

За обезбедување на финансиски средства за изградба на системот за овие региони, Владата на РСМ планира да започне постапката за добивање на кредит од Европската банка за обнова и развој.

Градоначалниците ги споделија своите размислувања и изразија подготвеност за соработка и мобилизација на расположивите ресурси заради поголема ефикасност во реализацијата на овој високо приоритетен инфраструктурен проект.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте