spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Договорена соработка со Универзитетската клиника за неврологија

АПЈ: Договорена соработка со Универзитетската клиника за неврологија

Вршителот на должност организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, Аљајдин Хавзиу, денеска ја посети АПЈ каде што беше пречекан од директорот Илбер Села.
На оваа средба двајцата соговорници дискутираа во врска со примената на Законот за употреба на јазиците во работата на оваа јавна здравствена установа. Директорот Села, по согледување на состојбата во клиниката, се заложи за целосна поддршка на клиниката во врска со имплементацијата на законските одредби, со стручна помош од АПЈ во врска со превод и лекторирање на формулари, обрасци и други акти во службена употреба.
Директорот Хавзиу се заблагодари за поддршката и понудената помош, ветувајќи дека ќе се залага за примена на албанскиот јазик во клиниката согласно законските обврски.

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...