spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаРасипничкото работење на партиските директори не смее да биде изговор за приватизација...

Расипничкото работење на партиските директори не смее да биде изговор за приватизација на железничкиот сообраќај

„Македонските железници со години наназад служат за брзо богатење на оние кои раководат со нив, а кои се назначуваат преку коалициските парнери. Директорот на МЖТ, Аднан Азизи, кој беше партиски назначен од коалициониот парнер Беса, оваа година се поднови со “службена” лимузина од 68.000 евра.

Левица како единствена лева политичка партија е категорично поставена против било каква приватизација и понатаму ќе се залага за враќање на приватизираните претпријатија под државна капа. Затоа што јавните добра не смеат да бидат во рацете на приватниот капитал и да служат за лично богатење и интерес за личен профит.

Вреди да се напомене и историското значење на зборот приватизација, кое прв пат се појавува во американското списание „Економист”, за да ги опише економските политики на Нацистичката партија во Германија. Откако доаѓаат на власт, фашистите прво ги приватизираат железниците, па рудниците, производството на челик, дистрибуцијата на струја, водоводот, банкарството, јавниот транспорт итн.

За да не се потврди тезата дека социјал-деморкатијата е умерена форма на фашизмот, ги повикуваме сите самодекларирани левичари во СДСМ да застанат против овие анти-работнички политики и да останат железниците таму каде што припаѓаат – а тоа е во државна сопственост.”

Прес-конференција на портпаролот Амар Мециновиќ за штрајкот на вработените во Македонски железници.

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...