spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: 205 санкционирани возачи во Чаир, Сингелиќ и Сарај

МВР: 205 санкционирани возачи во Чаир, Сингелиќ и Сарај

Денеска (08.12.2021), во периодот од 06.00 до 16.00 часот, спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, и тоа во oпштина Чаир, населба Сингелиќ и општина Сарај, при што се санкционирани 205 возачи.
Во периодот од 06.00 до 09.00 часот во општина Чаир санкционирани се вкупно 70 учесници во сообраќајот, од кои 12 управувале без возачка дозвола, 2 со измината важност на регистрација на возилото, 19 управување со брзина поголема од дозволеното….
Во периодот од 09.00 до 12.00 часот во населба Сингелиќ санкционирани се вкупно 42 учесници, од кои 13 управувале возило без возачка дозвола, 4 со измината важност на регистрација на возилото…
Во времето од 12.00 до 16.00 часот во општина Сарај санкционирани се вкупно 93 учесници, од кои 17 управувале без возачка дозвола, 4 со измината важност на регистрација на возилото, 22 управувале возило со брзина поголема од дозволената…
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...