Директорот на Водовод не е на седницата затоа што има катастрофален извештај, кој што кажува недомаќинско работење, дека компанијата која што ја води не се грижи за своите приходи бидејќи има исклучително слаба реализација на наплатата и извештај кој што говори дека неразумно се трошени парите, особено на некапитални расходи. Има зголемени трошоци за вработувања и превработеност во структурата на претпријатието, изјави советникот во Град Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески на денешната седница на Советот.
Галески потенцираше дека извештајот за претпријатието остава простор и за ревизија на самото негово работење, особено што има загрижувачки тенденции во овие девет месеци.
– Извештајот покажува зголемување на бројот на вработените., а зошто имало потреба од дополнителни вработени преку агенцијата за привремени вработувања, во извештајот нема дадено такво објаснување, иако задолжително би било да се даде објаснување за нивната работна задача. Во годината се книжи 1 милијарда 187 милиони денари приход, но она што шокира е фактот што овие исти пари во годината, во овие девет месеци има наплата од само 684 милиони денари, што значи 57,6% од фактурите се наплатени. Во било која друга фирма, каде што има успешност од 57% или директорот си дава оставка или доаѓа друга компанија која што прави ревизии на самото работење, потенцираше Галески.
Тој додава дека сите пари примени за фактури за 2021 година се 58% од тоа што треба да се наплати кај домаќинствата и 62 од фирмите, што значи некаде околу 40% од ненаплатени фактури доаѓаат од компании и посочи дека добро е да се види кои се тие компании и дали тие се повластени.
– Во 2020 е направено отпис на побарувањата во износ од 4 милиони евра, а во 2021 година од околу 3 милиони евра, и ако се споредат со приходите означи дека се бришат долгови на 15%, а лани на 20%. Има долгови на фирмата кон добавувачи кои се зголемиле за 60 милиони денари или 1 милион евра, но највоочиливо е зголемувањето на трошоци за репрезентација за 9 месеци зголемени за 464%. За спонзорство и донации зголемени за 451%. Додека репрезентациите растат 500.000 луѓе живеат само 150 денари на ден. За агенција за привремени вработувања зголемени се трошоци од 17 милиони на 21 милион, но она што шокира е за три телефони се трошени по 1.000 евра, ќе беше добро директорот да објасни зошто на претпријатието му требале три телефони по 1.000 евра, истакна Галески.
Извор: ВМРО ДПМНЕ