spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕНа 17-тиот редовен Конгрес покрај изборот на претседател, ќе се донесе и...

На 17-тиот редовен Конгрес покрај изборот на претседател, ќе се донесе и Доктрина со која ќе биде платформа на идните делувања на ВМРО-ДПМНЕ

Денес ВМРО-ДПМНЕ ќе го одржи 17-тиот редовен Конгрес. На Конгресот ќе земат учество и поканети се 517 делегати. До Конгресот има доставено една кандидатура од страна на проф. д-р. Христијан Мицкоски, досегашниот претседател на партијата.

Покрај изборот на претседател на партијата, Конгресот ќе донесе и акт, политички документ, доктрина која ќе биде платформа за идни делувања на ВМРО-ДПМНЕ.

По изборот на претседател на Конгресот ќе биде избрана и статутарна комисија и комисија за надзор и финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

Од овој Конгрес веруваме и сигурни сме дека излеземе уште пообединети, уште посилни и ќе донесеме нови победи на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија.

Ние гледаме дека изминатиов период државата е во тешка економска, социјална и здравствена, но и енергетска криза којашто оди на штета на граѓаните. И покрај тоа нема никаква одговорност. Ние ветуваме дека ќе донесеме одговорност, ние ветуваме дека следниот период ќе се бориме да ја направиме Македонија подобра држава за живеење.

Во самата доктрина имаме понудено, прва тема е тоа како да останат граѓаните на Македонија тука во нашата држава, да работат, да не заминуваат во странство и да можат да ја гледаат својата иднина тука.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...