Во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт стартуваа училишните лиги во ракомет, кошарка, фудбал, тенис, пинг-понг, шах, атлетика и одбојка.
Општина Ѓорче Петров финансиски и организационо го покрива овој настан. Градоначалникот Александар Стојкоски денеска ги прогласи игрите за отворени. Во своето обраќање Стојкоски нагласи дека општината и натаму ќе продолжи на различни начини да ги стимулира децата да спортуваат повеќе и информираше оти единствено во предлог-програмата за спорт не се скратени средства за 2022 година.
Во спортските лиги се вклучени сите 6 училишта (и 2 подрачни) од Ѓорче Петров и сите наставници, плус наставниците од одделенска тандем-настава.
Извор: Општина Ѓорче Петров