Народот да знае за тоа како функционира советот на вашата земја.
Од страна на советниците на Левица пробано е на сите можни начини да внесите предлог точки на дневен ред. Нешто што граѓаните го бараат од вас да го сторите. Пробано е на секој можен начин и на сите видови на седници.
Итна предлог-точка додека трае итна седница, итна предлог-точка пред самото одржување на итна седница, итна предлог-точка пред самото одржување на редовна седница, редовна предлог-точка на закажана итна седница, редовна предлог-точка пред закажување на редовна седница. Ги исцрпивме сите можни начини што ни ги нуди деловникот но сеуште се нама ниту една предлог точка ставено на дневен ред на сите досегашни седници. Очигледно дека сме игнорирани во нашата подадена рака за да направиме нешто конструктивно и добро за сите и да помогнеме во развојот на градот и зголемување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.
Една во овие точки намерно е вметната за да видат сите како функционира советот.
Станува збор за оваа предлог-точка на дневен ред:
ПРЕДЛОГ ОДЛУКА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРЕНОС ВО ЖИВО НА КАНАЛОТ ЈУ-ТУБЕ НА СЕКОЈА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП
Потполно иста ваква точка (потполно исто дословно препишана од збор до збор, предложена во иста постапка со ист роковник како и нашата, предложена од советниците на Левица во општина Центар во Скопје, КОМПЛЕТНО ИСТА!) без никаков проблем ги помина сите филтри и без проблем се најде на дневен ред (патем беше изгласана и со мнозинство ЗА)!. Ете тоа е се’што треба народот да знае за тоа како функционира советот на вашата земја.
Извор: ЛЕВИЦА