spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Меморандум за соработка за спроведување на програмата Ромактед

Кочани: Меморандум за соработка за спроведување на програмата Ромактед

Во хотел „Александар Палас“ во Скопје, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов во присуство на министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска го потпиша Меморандумот за соработка за спроведување на програмата Ромактед, втора фаза.

Во досегашниот период Општина Кочани ги следеше сите препораки и учествуваше на сите планирани активности од национална контакт точка. Првично беше потпишан меморандумот за соработка од првата фаза во 2018 година, во којшто период беа извршени неколку работни акции и проекти со грант поддршка од програмата – бетонирање на околу 200 м пристапен пат во Ромското Маало, а со општински средства беа бетонирани и дополнителни 600 м, со што локациите Колерски Гробишта и Полатски Пат се до 90 % бетонирани.

Со склучување на овој Меморандум и продолжување на меѓусебната соработка и во втора фаза, се очекуваат уште повеќе работни проекти со поддршка од програмата.

Општина Кочани активно ќе се залага за брзо и институционално решавање на сите евидентирани проблеми во заедницата, а воедно и максимална поддршка кон граѓанските интереси.

 

 

 

Извор: Општина Кочани

Прочитајте

МП: Филков- Оцука – Довербата во правосудството е основа за зајакнување...

0
Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот на Јапонија,  Казуја Оцука на која се дискутираше за реформите во правосудството, состојбите во Судскиот...