spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Градоначалничката Арсовска на средба со претставници на Синдикатот на пожарникарите

Град Скопје: Градоначалничката Арсовска на средба со претставници на Синдикатот на пожарникарите

Поради несовесно работење на сегашниот командант на Противпожарната бригада Скопје, Владимир Симоновски и поради тоа што пожарникарите, континуирано се соочуваат со притисоци, проблеми и нереализирање на работничките права кои ги имаат, претседателот на Синдикатот на пожарникарите, Тони Бошковски, генералниот секретар на Независниот синдикат на пожарникарите Боби Вељаноски, како и заменик командантот на Противпожарната бригада Скопје Звонко Томески, организираа средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на која разговараа за отворање на Колективниот договор за обезбедување на основните барања на пожарникарите.

Тие на средбата ги истакнаа нивните барања да бидат осигурени, да бидат заштитени нивните работнички права, исплаќање на К-15, признавање на ноќна работа и соодветна исплата на дополнителни работни часови, за што побараа итно решавање од страна на Градот.

На средбата со градоначалничката Арсовска е договорено дека се прифаќа барањето бодувањето наместо од правилникот за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што ќе бидат заштитени законските права на пожарникарите. Со новиот колективен договор ќе се прошират правата на вработените во градската администрација каде се вклучени и пожарникарите.

Дополнително договорено е и да се исплати тоа што досега им беше ускратено односно да се исплати надомест за работа во ден на неделен одмор и разликата од основата од онаа која досега исплаќана според членот 13 од Законот за пожарникарство.

Овој горлив проблем, кој претходниот градоначалник не успеа да го реши во својот мандат од четири години, Град Скопје го решава уште во првите 82 дена од мандатот на градоначалничката Арсовска.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...