spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевица(Видео) Приватизација на јавни ресурси е национално предавство и нема да помине...

(Видео) Приватизација на јавни ресурси е национално предавство и нема да помине додека Левица е во парламент

,Не се откажувате од приватизациите, кои што ги планиравте и со минатиот буџет. Тука имаме ставка за прибирање на средства со приватизација.

Тоа се државните претпријатија што останаа неприватизирани. Збориме за „Македонски железници“, „Македонски Пошти“, „ТЕЦ Неготино“ кој што во кризата сакате да го приватизирате, „Колска“ – Велес, „Еуро Композит“, кој што ни е единствената фабрика за оружје и сакате да не’ оставите буквално куршуми да увезуваме. И еве, здравството, вчера што моравме да реагираме и да спречиме. Буквално, на мала врата, приватизација на брзата помош.

И на крај, вашиот план за приватизација на плодно земјиште. Значи ова во ниедна држава го нема, можеби најбитниот ресурс е ПЛОДНАТА ЗЕМЈА и тоа не смее да се дозволи. Вие никако да научите дека деведесеттите завршија и ова кај народ не оди веќе. Приватизација е грд збор, тоа е пежоратив, луѓето не веруваат дека наводно со приватизација ќе ја подобриме економијата.

Вакво распарчување на природни ресурси е рамно на национално предавство и додека Левица е во Парламент ние тоа нема да го дозволиме!”

Обраќање на пратеникот Борислав Крмов во однос на предлог – буџетот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...