spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: УНДП е наш партнер и голем поддржувач, заедно создаваме услови за...

МТСП: УНДП е наш партнер и голем поддржувач, заедно создаваме услови за целосна инклузија и вработување на ранливите категории на граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска вчера се сретна со новоименуваниот постојан претставник на УНДП во Република Северна Македонија, г. Армен Григорјан.

 

Министерката Шахпаска му посака добредојде и успешна работа на новиот постојан претставник на УНДП и изрази уверување дека одличната соработка со УНДП ќе продолжи и понатаму. Таа се осврна на досегашните заеднички проекти и постигнати цели, како и на она на кое што треба да се работи периодот кој следува.

„УНДП е наш партнер и голем поддржувач во реализација на политиките од областа на социјалната и детска заштита, како и во сферата на трудот. Изминатиов период заедно работевме на решавање на многу прашања и предизвици со кои како општество се соочуваме, со фокус на ранливите категории на граѓани. Заедно, работиме на Оперативниот план за активни мерки и програми, кој нуди можности преку разни обуки, стекнување на вештини, преквалификации и доквалификации да им се помогне на граѓаните да станат конкурентни на пазарот на труд,“ рече министерката Шахпаска.

Во смисла на заеднички проекти со УНДП, министерката ги посочи и отворањето на РЕХА центарот за поддршка на лицата со попреченост кој е вистински пример како општествената заедница на локално ниво прави децентрализација на локалните услуги и креира политики за овозможување на лицата со попреченост да бидат вклучени на пазарот на трудот. Како и  Младинскиот ресурсен центар во Гостивар кој служи како младински хаб за целиот полошки регион и нуди широк спектар на сервиси поврзани со младите и работодавачите.

Постојаниот претставник на УНДП во Република Северна Македонија, г. Армен Григорјан изрази подготвеност за продолжување на досегашната соработка на заедничките проекти и програми кои ги адресираат потребите и претставуваат решение на предизвиците со кои се соочуваат ранливите категории на граѓани. Затоа што, како што истакна тој, тоа не е прашање на поединеци, туку прашање кое не засега сите и затоа е неопходна заедничка, меѓуинституционална соработка, како и соработка со невладиниот сектор.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МТ: Николовски на средба со министрите од ЕУ за транспорт

0
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска и утре е во работна посета на Унгарија, Будимпешта, каде присуствува на состанокот...