spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Акција со ЈП „Лајка“ за заловување улични кучиња на повеќе...

Ѓорче Петров: Акција со ЈП „Лајка“ за заловување улични кучиња на повеќе локации

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски вчера оствари средба со раководството на ЈП „Лајка“ во врска со критичните точки низ населбата каде се групираат улични кучиња и се опасност за безбедноста на граѓаните.

Како што беше договорено со в.д. директорот Воислав Димитровски ќе се спроведе акција за заловување и стерилизација на повеќе локации.

-Свесен сум за проблемот, особено појавата на кучиња пред и во дворовите на училиштата. Во таа насока со в.д.директорот договоривме да организираме серија настани и презентации во образовните институции што во иднина ќе помогнат од едукативен аспект – рече Стојкоски.

Со надлежните институции, додаде, заеднички ќе продолжиме да работиме во оваа насока, а ќе се вклучиме и во националната стратегија иницирана од ЈП „Лајка“ која е во план да се активира.

-Во меѓувреме, апелирам да се внимава и да не им се фрла храна на животните во училишните дворови каде се движат децата – додаде Стојкоски.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...