Во ООУ “Крсте Мисирков”-Куманово беа доделени 7 персонални компјутери како донација од СЕЕБРИГ и два типа на речници од нивната лична библиотека.
Донацијата ја додели бригадниот генерал Аристеидис Илиопулос, командант на бригадата за Југоисточна Европа, а присуствуваше и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
Општина Куманово има високо ниво на соработка со АРСМ, која претставува пример во понатамошната соработка со СЕЕБРИГ бригадата.
Извор: Општина Куманово