spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: КОНКУРС за 18 стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од...

Делчево: КОНКУРС за 18 стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година – 2021

  1. Општина Делчево ќе додели 10 стипендии на редовни одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево од II, III и IV година, во учебната 2021/2022 година, кои ги исполнуваат следните услови

1.1. Редовни одлични ученици од II, III и IV година во учебната 2021/2022 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение.

1.2. Ученици чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош.

1.3 Ученици кои не се корисници на стипендија од друга институција.

 Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 10 (десет) стипендии од точка 1 на конкурсот:

1.1.1 Континуиран просечен одличен успех (4.50 до 5.00)

  • континуиран одличен успех (5.00)-30 бодови
  • континуиран одличен успех ( од 4.50 до 4,99)- 25 бодови

1.1.2.Против ученикот да нема изречено никаква педагошка мерка (вкупно 10 бодови)

  • примерно поведение (до 10 неоправдани изостаноци)-10 бодови
  • за секој неоправдан изостанок вкупниот број на претходно освоените бодови се намалува за 0,5 бодови

1.2.1 Семејно-материјалната положба на ученикот

За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

  • Семејство без никакви примања – 60 бодови;
  • Семејство без никакви примања и чии членови не се евидентирани во Агенцијата за вработување – 55 бодови;
  • Семејство со примања до 3.100,00 денари по член на сeмејство – 55 бодови;
  • Семејство со примања од 3.101,00 до 4.600,00 денари по член на семејство – 50 бодови;
  • Семејство со примања од 4.601,00 до 6.2500,00 денари по член на семејство – 45 бодови;
  1. Општина Делчево ќе додели 8 (осум) стипендии на ученици од СОУ „М.М.Брицо„ Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето, кои ги исполнуваат следните услови:

2.1 Редовни ученици од II, III и IV година во учебната 2021/2022 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение.

2.2. Ученици кои во претходната учебна година освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари.

2.3. Ученици кои не се корисници на стипендија од друга институција.

Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 8 (осум) стипендии од точка 2 на конкурсот:

2.1.1 Континуиран одличен успех ( 4.50-5.00)

  • -континуиран одличен успех 5.00 – 60 бодови
  • -континуиран одличен успех 90 – 58.8 бодови
  • -континуиран одличен успех80 – 57.6 бодови
  • -континуиран одличен успех70 – 56.4 бодови
  • -континуиран одличен успех60 – 55.2 бодови
  • -континуиран одличен успех50 – 54 бодови

2.1.2 Против ученикот да нема изречено никаква педагошка мерка (вкупно 10 бодови)

  • примерно поведение (до 10 неоправдани изостаноци)-10 бодови
  • за секој неоправдан изостанок вкупниот број на претходно освоените бодови се намалува за 0,5 бодови.

2.2.1 Освоени награди во претходната учебна година во поединечна категорија на државни или регионални натпревари организирани од лиценцирани институции од МОН или Биро за развој на образованието.

За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

  • за освоено прво место во поединечна категорија на државен натпревар – 40 бодови
  • за освоено второ место во поединечна категорија на државен натпревар – 35 бодови
  • за освоено трето место во поединечна категорија на државен натпревар – 30 бодови
  • за освоено прво место во поединечна категорија на регионален натпревар – 25 бодови
  • за освоено второ место во поединечна категорија на регионален натпревар – 20 бодови
  • за освоено трето место во поединечна категорија на регионален натпревар – 15 бодови

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За доделување на ученички стипендии од точка 1 на конкурсот

1.Барање за доделување на ученичка стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk);

  1. Фотокопија од свидетелства за претходни години;
  2. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството за последниот месец од 2021година за кој е земено плата;
  3. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;
  4. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијата за вработување;
  5. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;
  6. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство (Архива на Општина Делчево и интернет страница: delcevo.gov.mk);
  7. Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk);
  8. Изјава од кандидатот дека не е корисник на друга стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk).

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За доделување на ученички стипендии од точка 2 на конкурсот

  1. Барање за доделување на ученичка стипендија за ученици кои постигнале особено висок успех во учењето (Архива на Општина Делчево и интернет страница:www.delcevo.gov.mk);
  2. Фотокопија од свидетелства за претходни години;
  3. Фотокопија од дипломи за освоени награди во поединечна категорија;
  4. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk);
  5. Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk);
  6. Изјава од кандидатот дека не е корисник на друга стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk).

Постапка за доделување на ученички стипендии

  1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса:

Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „за ученички стипендии за одлични ученици“ за ученици кои конкурираат за точка 1 од конкурсот и со назнака „ за ученички стипендии за ученици со особен успех„ за ученици кои конкурираат за точка 2 од конкурсот.

  1. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево;
  2.  Некомплетните документи или документите доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;
  3.  Висината на стипендиите од точка 1 од конкурсот ќе изнесува 1.000 денари месечно, а висината на стипендијата од точка 2 од конкурсот ќе изнесува 1.500 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец Јануари 2022 година;
  4.  Стипендиите се неповратни;
  5.  Конкурсот трае 15 работни денови од денот на објавувањето а рокот за пријавување е од 15.12.2021година до 04.01.2022година;
  6.  Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, СОУ „М.М.Брицо„ Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општинa Делчево delcevo.gov.mk

 

 

 

 

 

Извор: Општина Делчево

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...