spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: „Заштита на нашиот бисер, Охридското Езеро“

Охрид: „Заштита на нашиот бисер, Охридското Езеро“

Градоначалникот Кирил Пецаков,  присуствуваше на презентацијата на проектот „Заштита на нашиот бисер, Охридското Езеро“. Проектот е финансиран во рамки на програмата за поддршка на граѓанското општество  „ЦИВИКА – мобилитас“, а имплементатор е Граѓанската организација „КАБ“ – Струга.

Проектот има за цел на заедничка маса да ги седне сите засегнати страни во заштитата на Охридското Езеро, подобрување на комуникацијата и координациајта помеѓу Локалните самоуправи, централните институции и граѓанското општество.

 

Градоначалникот Пецаков во своето излагање истакна дека Општина Охрид е подготвена за воспоставување на добра комуникација со сите засегнати страни.  Дополнително, Пецаков ги презентираше мерките кои Општина Охрид ги презема во заштитата на Охридското Езеро. Меѓу нив се: поставувањето на решетки на сливовите на реките и каналите во езерото, чија намена е физички запирање на пластиката да влегува во езерото, учеството во сите работни групи и проекти кои се однесуваат на оваа тема.  Активно учество во изработката на нацрт – планот за управување со Охридското Езеро, планот за „Студенчишко блато“, за езерското крајбрежје и планот за враќањето на реката „Сатеска“ во старото корито.

Покрај градоначалникот Пецаков, на промоцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко и претставник на Општина Дебрца.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...