spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои досега не го...

МОН: Аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои досега не го оствариле ова право

Министерството за образование и наука информира дека од денес до 31 декември повторно може да се аплицира за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк.

Можат да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и/или да го остварат ова право во првиот и вториот рок. Оваа можност ќе биде достапна секој месец и тоа од 20ти до 30ти, односно 31-ви во месецот.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk и многу едноставно, со прикачување на само два документи – Пријава и Изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на Република Северна Македонија и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата.

Досега, правото на субвенциониран студентски оброк го остварија 27.319 студенти на кои редовно им се префрлаат средства на личните трансакциски сметки.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....