spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваЦаровска: имаме големо раздвижување во науката, 244 милиони денари за модернизација на...

Царовска: имаме големо раздвижување во науката, 244 милиони денари за модернизација на научните лаборатории и реализација на научно – истражувачки проекти

За три години имаме двојно зголемување на средствата за наука. Имаме и нивна целосна реализација. Само во изминатиот месец преку два јавни повици доделивме речиси 244 милиони денари, од кои 224 за поддршка на лабораториските ресурси со кои располагаат високообразовните и научните установи и 19 милиони денари за реализација на научни проекти од посебен јавен интерес, што ќе ги спроведуваат седумте јавни научни институти во земјата.

 

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната посета на Земјоделскиот факултет во Скопје кој исто така доби средства во висина од 6,5 милиони денари за да ги модернизира просторните услови, но и работата на две лаборатории во состав.

„Ова одамна не се случило, затоа што за жал, високообразовната дејност и науката беа подзаборавени од некои минати влади. Сега интензивно работиме тоа да се надомести и атмосферата за работа и за креирање наука да се подигне, во интерес на севкупниот општествено – економски напредок“, рече Царовска.

Министерката информираше дека Земјоделскиот факултет добил околу 2,5 милиони денари за да инвестира во реконструкција на дел од предавалните и кровната конструкција и околу 4 милиони денари за да ја подобри техничката компетентност и да воведе нови аналитички методи во работењето на две лаборатории, што како што рече, инвестицијата ќе биде од корист за повеќе страни.

“Со оваа инвестиција во лабораториите обезбедуваат можности за наставно научниот кадар, за реализација на повеќе и поквалитетни истражувања и анализи во делот на контрола на состав и квалитет на храна. Понатаму, инвестицијата ќе значи можност за студентите заради поквалитетна практична настава и нивна добра подготовка преку стекнување на применливи вештини, но ќе биде и од корист за бизнис секторот кој се занимава со производство или увоз на храна и кој ќе може да ги користи услугите кои ги нудат овие лаборатории“, потенцираше Царовска, додавајќи дека ова е одличен пример за вложување во развој на високото образование и  апликативна наука.

Царовска рече дека во изминатите денови била во посета на неколку факултети кои добија средства како поддршка за работата на нивни лаборатории и тие веќе се подготвуваат за спроведување на инвестициите, со што се подигнува мотивацијата кај наставните и научните работници за работа, повеќе и почесто се зборува за наука, за нови проекти и нови активности.

„Имаме големо раздвижување во областа на науката и тоа нé мотивира да продолжиме со политиките кои ги спроведуваме како поддршка на овој сегмент. Затоа што, мојот став е дека како држава немаме друга опција освен да вложуваме во квалитетно знаење на граѓаните, во научни и истражувачки проекти од кои ќе произлегуваат иновации по кои би можеле да бидеме препознатливи и конкурентни на меѓународен план“ изјави Царовска.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...