spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Јавна дебата со невладините организации во рамки на проектот RеLOаD 2

Битола: Јавна дебата со невладините организации во рамки на проектот RеLOаD 2

Во Салата на Советот на Општина Битола, се одржа јавна дебата за приоритетните области за поднесување на предлог проекти од невладини организации во рамки на проектот RеLOаD 2.

На јавната дебата, беа поканети сите здруженија на граѓани да дадат свое видување и сугестии за предлог приоритетните области кои ќе бидат вклучени во насоките за поднесување проекти по јавниот повик, кој што ќе биде дополнително објавен. Како приоритетни области за 2022 година за Општина Битола издвоени се: заштита на животната средина, културното наследство, социјалната кохезија и намалување на сиромаштијата и младински иницијативи.

Присутните на денешната јавна дебата ги поздрави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој им посака успешна работа и добра соработка во идниот период, затоа што на тој начин ќе се овозможи транспарентно доделување на финансиски средства, зајакнување на капацитетите на невладините организации и општинската администрација, а преку заедничкото делување ќе се постигне решавање на дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Општина Битола.

ReLOaD2 го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а е финансиски поддржан од Европската Унија.

 

 

 

 

Извор: Општина Битола

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...