Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Ова е мостот генерал Михајло Апостолски, капитален проект кој го намалува сообраќајниот метеж во Скопје, во Аеродром и Гази Баба.
Мостот е особено значаен за граѓаните на Аеродром и Гази Баба, со олеснување на движењето се намалува сообраќајот а тоа директно влијае и на намалување на загадувањето.
За жал и на штета на скопјани Данела Арсовска од само за неа познати причини решава да ја запре неговата изградба.
Тоа е несериозно, неодговорно и пред се нечесно кон граѓаните на Скопје.
Нема никакво оправдување за неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.
Тие ја добија одговорноста од граѓаните да ги решаваат проблемите, а гледаме дека освен поништување и стопирање на капитални и важни проекти за друго не ги бива.
Да се биде градоначалник на Скопје значи дека треба да се работи за граѓаните и градот, а не само да се разрешуваат директори и да се поништуваат проекти.
Ако Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не знаат и не можат да работат за Скопје и граѓаните, нека отстапат.
Скопје и скопјани не заслужуваат градоначалничка која наместо да вложува во развој на градот, таа прави се за да го спречи напредокот.
Извор: СДСМ