Околу десетина улици на кои има зголемена фреквенција на возила и забележано зголемувње на брзината, а по реакција на жители, поставени се т.н. „легнати полицајци“.
Опфатени се улиците „Кичевска“, „Злате Михајловски“, „Ѓуро Салај“, „Мице Козар“, „Островска“, „Црногорска 2“, „Арсениј Јовков“, „Мечкин Камен“, улицата „1596“ „49“.
-На барање на жителите поставени се препреки за намалување на брзината на возилата на повеќе фреквентни локации и улици во урбаните заедници и во близина на училиштата и детските градинки – рече градоначалникот Александар Стојкоски.
Со оваа акција целта е да се подигне безбедноста во сообраќајот и да се спречат евентуални сообраќајни незгоди.
Извор: Општина Ѓорче Петров