spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Во ООУ „Мирче Ацев“ практична настава за воздухот, почвата и...

Ѓорче Петров: Во ООУ „Мирче Ацев“ практична настава за воздухот, почвата и водите

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, амбасадорот на САД Кејт М. Брнс, министерката за образование и наука Мила Царовска и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ги посетија учениците во ООУ „Мирче Ацев“ кои ја следат состојбата на животната средина и вршат директни експерименти и истражувања што имаат вистинско научно значење.

Ова е едно од 27-те училишта каде со програмата „Globe“ се изведува практична настава за испитувањa и мерење на квалитетот на атмосферскиот воздух, водите и почвата. Оваа програма се реализира со поддршка на САД и Еко-свест.
Учениците од ова училиште учат за воздухот, почвата, заштитата на животна средина во целосно новиот кабинет по природни науки, кој е еден од 260 кабинети опремени со средства од МОН, но и по новите наставни програми.

Вклучени се повеќе од 130 ученици од второ до осмо одделение кои преку практична настава се грижат за животната средина. Светската научна и образовна програма поврзува ученици, учители и научници од целиот свет.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МЖСПП: Меџити оствари средба со министерот за животна средина на Република...

0
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одржа важна средба со министерот за животна средина, просторно планирање и...