Министерството за економија континуирано работи на подобрување на Програмите и плановите за работа. Во рамки на „Отворениот ден“ кој што се одржа денеска, државниот секртар на Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ оствари средба со граѓани и компании и здруженија на граѓани на кои им беа презентирани Предлог-годишните планови и програми за работа на Министерството за економија за 2022 година.
Граѓаните и претставниците на компании кои што денеска беа на „Отворениот ден“ ги претставија своите идеи и сугестии со цел за подобрување на мерките за поддршка кои што ги спроведува Министерството за економија.
Од страна на државниот секретар Размена Чакиќ Дуровиќ денеска беа презентирани пред јавноста:
-Предлог -програма за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија за 2022 година
-Предлог програма за развој на туризмот за 2022 година
-Предлог -рограма за поддршка на конкурентноста на преработувачката индфустрија за 2022 година
-Предлог програмата за субвенции за вградување на уред за погон на ТНГ за 2022 година
-Предлог програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година
-Предлог програма за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2022 година
-Предлог програма за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија за 2022
На „Отворениот ден “ на Министерството за економија беа поканети граѓани, комори, и здруженија на граѓани, како и претставници на компании да ги презентираат своите предлози, сугестии и идеи за активностите и мерките кои ги спроведува Министерството за економија преку годишните програми.
Извор: Министерство за економија