spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаПратениците на Левица го бојкотираа годишното обраќање на безгласниот претседател Пендаровски

Пратениците на Левица го бојкотираа годишното обраќање на безгласниот претседател Пендаровски

Ја известуваме македонската јавност дека двајцата пратеници на политичката партија Левица во Собранието на Република Македонија – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, нема да учествуваат на парламентарната 56-та пленарна седница, на која е планирано традиционалното годишно обраќање на претседателот на Републиката – г. Стево Пендаровски.

Нашите народни пратеници одбиваат да партиципираат во формалистичкиот театар на шефот на државата, кои ги одмолчи сите национал-шовинистички испади на нашите балкански соседи и божемни европски партнери –  за кои, сè почесто, во нивните јавни обраќања, стануваме „Северномакедонски пријатели“. Сметаме дека човек кој е безгласна буква во внатрешната и во надворешната политика и не реагира на повампирениот бугарски неоврховизам, којшто го негира постоењето на македонската нација и на македонскиот јазик, нема ништо паметно да каже и затоа не го заслужува вниманието на нашите пратеници и на пошироката јавност.

Пендаровски, познат по својот некреативен дрвен евро-атлантски новоговор и апологет на сервилниот и невизионерски НАТОфундаментализам, никогаш не бил и нема да биде вистински и обединувачки „Татко на нацијата“. Како приврзок на поразената политичка философија и практика на заевизмот, како највисок стадиум на интернационалното вазалство и националното понижување на Македонците, неговото заминување од политичката сцена ќе биде катарза за нов почеток во водењето на современа, достоинствена и мултиполарна државничка надворешна политика, креирана од новата генерација храбри македонски политичари.

Да живее слободна и суверена Република Македонија!

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...