Со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и регулирање на сообраќајот во овој дел, Општина Центар, постави заштитни столпчиња кај фурната „Силбо“.
Поставувањето на заштитните столпчиња доаѓа по бројните поплаки од жителите кои пристигнуваат во општината, а се однесуваат на турканиците и сообраќајниот хаос кој се создава на оваа делница.
Со поставувањето на столпчињата нема да може веќе автомобилите да се паркираат на коловозот, ќе се нормализира движењето на улицата „Костурски Херои“ и ќе се намали метежот на овој потег.
Апелираме до граѓаните да се придржуваат до сообраќајните правила, да ги почитуваат законските одредби при возењето и да не ги оштетуваат поставените заштитни столпчиња.
Извор: Општина Центар