Потресна вест вчера вечер одекна во Кисела Вода. До темел е опожарена куќа на жител на општина Кисела Вода. Градоначалникот Ѓорѓиевски веднаш појде на местото на настанот и заедно со отецот Оливер се сретнаа со Тони Атанасовски, кој во пожарот го загуби својот дом.
Вечерва, тој доби привремено сместување, а градоначалникот Ѓорѓиевски најави дека во наредниот период сите хумани сили ќе бидат насочени кон негова помош. Заедно со отецот Оливер од Хуманитарната организација “Св. Спас” започнуваат иницијатива за повторна изградба на домот на Атанасовски и ги повикаа сите компании од општината да ја покажат својата општествена одговорност и да помогнат кога најмногу има потреба од тоа.
-Ова е траорна ситуација, тажна и многу потресна. Во наредниов период сите хумани сили ќе ги насочиме кон помош на мојот сограѓанин Тони Атанасовски. Повторно ќе го изградиме неговиот домот. Ја разбирам неговата болка и затоа започнуваме заедничка иницијатива со отец Оливер, a воедно ги повикуваме и сите општествено одговорни компании и фирми од Кисела Вода да се вклучат и да помогнат, за да овој наш сограѓанин не ја почувствува празнината за овие празници, туку да му помогнеме и да го направиме среќен. Вечерва не го оставивме под отворено небо и веднаш го сместивме на топло. Моите граѓани во Кисела Вода се мое семејство и мораме да си помогнеме! Домот е столб на хармонија и среќа, така што, ќе го изградиме повторно-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Извор: Општина Кисела Вода