По наредба на градоначалникот Стевчо Јакимовски извршена е проверка на хидрантската мрежа и противпожарната опрема во 12 градинки и 10 основни училишта на територија на општината од страна на Одделението за заштита и спасување.
При проверката констатирано е дека сите ПП апарати се исправни и редовно сервисирани. Недостасувале 9 ПП црева и 3 млазници, кои во текот на истиот ден се обезбедени и доставени во објектите.
Што се однесува до хидрантската мрежа функционира секаде, но има недоволен притисок. Во две градинки воопшто нема хидрантска мрежа. Од тие причини, согласно законските прописи уште денеска се испорачани поголеми ПП апарати S-50 и S-100. Овие апарати согласно законот, ќе бидат замена или дополнување на хидрантската мрежа додека не се обезбеди соодветно техничко решение за функционирање на хидрантите со полн капацитет.
Оваа контрола и подготовка за зимата е направена согласно опасностите од евентуални пожари, а во таа насока веќе се вршат и обуки за ПП делување преку Дирекцијата за заштита и спасување.
Состојбата во објектите поединечно може да ја видите на документот во прилог.
Кликнете тука за да прочитате повеќе.
Извор: Општина Карпош