spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Срушена дивоградба на улица “Борис Трајковски”

Кисела Вода: Срушена дивоградба на улица “Борис Трајковски”

Продолжува справувањето со урбанистичкиот хаос во општина Кисела Вода. Утрово, беше срушена  уште една дивоградба, овојпат на улицата “Борис Трајковски”.

Непознат сторител, без да поседува одобрение за градба, на оваа локација поставил армирано-бетонскa плоча.

 

-Денес стопиравме изградба на уште еден нелегален објект, уште еден обид да се прекрши законот и законските процедури. Како што најавив, нашите жители ќе видат еден нов начин на управување со општината, ќе видат што значи нетолеранција на беззаконие и казна за криминалот. Законот постои за да се почитува и ќе важи поеднакво за сите. Никој не е и нема да биде над него-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

МЖСПП: Првиот вицепремиер Меџити се сретна со министерот за човекови и...

0
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја пречека делегацијата од Црна Гора, предводена од министерот за човекови...