spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Започна асфалтирањето на улицата “Наум Охридски”

Кисела Вода: Започна асфалтирањето на улицата “Наум Охридски”

Нанесен е првиот слој асфалт на улицата ,,Наум Охридски”, како дел од реконструктивните зафати кои ќе го решат долгогодишниот проблем на жителите од Црниче. Градоначалникот Ѓорѓиевски изврши увид во градежните активности кои покрај асфалтирањето по цела должина на улицата, предвидуваат и реконструкција на атмосферската канализација и нов тротоар и осветлување.

-Започна асфалтирањето на првиот слој на ул. ,,Наум Охридски” во Црниче. Проектот го финишираме со целосна реконструкција на атмосферската канализација на улицата, која до сега правеше сериозни проблеми на жителите кои живеат под улицата. Планирана е и реконструкција на тротоарите, затворање на дупките кои се отвораа токму поради атмосферските води, како и осветлување на улицата, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...