spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниРадовиш: Новогодишно-божиќен базар, започна проектот „Светол град“

Радовиш: Новогодишно-божиќен базар, започна проектот „Светол град“

Под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Радовиш, а во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“ со отварање на новогодишно-божиќниот базар, започна проектот „светол град“.
Свое обраќање имаше Градоначалникот Ацо Ристов истакнувајќи: „овој проект е светол, не затоа што го осветливме или украсивме Радовиш, туку затоа што доаѓаат најубавите и највеселите празници, кога сите ние треба да сме заедно, и со ведри насмевки да се радуваме и дружиме“.
Во текот на богатата програма свое учество имаа ученици и членовите на Балетското студио „Газели“ кои со своите настапи ги исполнија срцата на многубројните присутни на Плоштадот „Св.Спасо Радовишки“.
На крајот Градоначалникот Ристов на сите им посака пријатни и весели моменти во текот на новогодишните и божиќните празници.

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...