Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски организираше прием за Петар Богатиновски, првиот Македонец кој некогаш се квалификувал на светско првенство во картинг.
Пласманот за учество на 12-дневниот спектакл во Бахреин го обезбеди со освојување на титулата на Централна Европска Зона (ЦЕЗ).
Дванаесетгодишниот Петар Богатиновски го освои 13-то место на Светското првенство во картинг во категорија 10-14 години во конкуренција на 72 натпреварувачи.
Прогласувањето на шампионите во ЦЕЗ и доделувањето на шампионските титули ќе се одржи во јануари во Малта, а плановите на Петар се и нареднава година да учествува во конкуренција на јуниори.
Мојсовски му честиташе на одличниот настап и достојното претставување на нашата земја, посакувајќи му успех во повисоките категории, како и поддршка од страна на Агенцијата за млади и спорт.
Извор: Агенција за млади и спорт