spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: 6,5 тони смет се исчистени од дворот на Градежниот факултет

Центар: 6,5 тони смет се исчистени од дворот на Градежниот факултет

Во текот на вчерашниот и денешниот ден службите за одржување на хигиената во Општина Центар собраа 6,5 тони парчиња искршена пластика, хартија, суви лисја и гранки од дворот на Градежниот факултет.

Иако редовното одржување на хигиената во кругот на факултетот е надлежност на самата инстуција, Општина Центар излезе во пресрет и го исчисти струдентскиот двор во кругот на  факултетот.

Со оваа акција Општина Центар сака да покаже дека овој шут кој досега беше разнесен во кругот на факултетот не треба да е наше секојдневие и затоа е особено важно редовно да се чисти и одржува. Иако расфрлен во дворот, шутот кој навидум изгледа мал всушност тежи неколку тони.

Општина Центар информира дека нејзин приоритет е одржувањето на хигиената на целата територија и затоа мора да се вложат сите заедно и локалната самоуправа и институциите и граѓаните. Оттука, Општина Центар апелира на одложување на отпадот онаму каде што треба, со цел да им се олесни на хигиеничарите побрзо да го исчистат сметот од временските промени, односно сувите лисја.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

 

 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...