Градоначалникот Митко Јанчев имаше средба со в.д директорот на Центарот за развој на Вардарско плански регион, г-ѓа Татјана Темелковска.
Вториот договор опфаќа набавка, односно ,,Проект за инсталирање на мерни станици за смарт земјоделство во општините”.
Истиот значи поставување на 18 мерни станици за електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини на територија на општина Кавадарци.
Мерните единици ќе даваат точни информации за: влажност на воздухот, сончеви денови во годината, и количество на температурни осцилации.
Вкупната вредност е 9.000.000 денари.
Извор: Општина Кавадарци