Општините Берово и Штип, во соработка со Здружение за одджлив развој- Зелен Институт од Скопje, во рамките на заедничкиот проект ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници” започнаа спроведување на „Кампања за информирање на ромското население за пристапот на општински, социјални и здравствени услуги“.
Кампањата се спроведува преку тим од волонтери, кои претходно посетија обука за реалзација на активностите од кампањата и ги посетија сите семејства од ромска националност во Општина Берово, доделувајќи им флаери со информации и контакти од институции, во однос на унапредување на здравствените услуги, полесно обезбедување на лични документи и други едукативни содржини.
На 27.12.2021 година, локалниот координатор со тим од медицински лица и волонтери, одржа средба со ромското население во општина Берово за подигање на свеста на Ромите, во однос на унапредување на здравствените и социјалните услуги.
На средбата, Ромите во општина Берово, се изјаснија дека за нив најголем проблем со кој се соочуваат е невроботеноста, кое нешто го посочија како причина, поради која не можат да остварат здравствени услуги.
Во рамки на самата кампања, во тек е почеток со спроведување на прашалник, кој е подготвен со цел да се направи ажурирање на податоците од последниот попис од 2002 година, за населението на Ромите во општините Штип и Берово.
Потребно е исто така да се приберат информации од аспект на демографската, економската, образовната и здравствена состојба на Ромите, како и пристапот до социјалните услуги и вработувањата, кои понатаму ќе придонесат кон успешно креирање на општинските програми и внесување во нив, иницијативи за унапредување на состојбата на ромската заедница, во двете општини Штип и Берово.
Извор: Општина Берово