Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година, кое се роди по природен пат, на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. За родилката Сузана Стошиќ, Михаил е четврто дете.
Арсовска ја посети и Симона Петровски, која на свет ја донесе Теодора, само една минута подоцна, две минути по полноќ.
На двете родилки и нивните семејства Град Скопје им посакува здравје и среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите на своите деца.
Извор: Град Скопје