spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Продолжена важноста на Одлуката за намалени комунални такси

Гевгелија: Продолжена важноста на Одлуката за намалени комунални такси

Советот на Општина Гевгелија, на својата 4 седница, ја усвои Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за одобрување на Планот за програми и развој на Општина Гевгелија, како составен дел на Предлог-Буџетот на Општина Гевгелија. Со измените е извршено усогласување на одредени износи на средствата, прецизирање на одредени потпрограми и додавање на уште една потпрограма. Програмата се состои од 16 развојни потпрограми поделени во 6 програми, во кои се опфатени сите поголеми проекти кои Општина Гевгелија ги реализира или ќе започне со реализација во наредниот период.

 

Советот на Општината го усвои Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година, кој е проектиран на 468,5 милиони денари, а Основниот буџет изнесува 214,802.359 денари. Во рамките на расправата по Буџетот за 2022 година, беа усвоени и Одлуката за неговото извршување и Одлуката за донесување на Буџетски календар, Одлуката за утврдување на вредноста на бодот на платите на државните службеници вработени во Општина Гевгелија кој останува непроменет и Одлуката за обезбедени средства во Буџетот наменети за надоместок на експропријација на недвижен имот за изградба на објекти од јавен интерес од локално значење.
Согласно Буџетот за 2022 година, Советот ги усвои и Програмите за: уредување на градежното земјиште; изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта; за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Гевгелија, за изработка на урбанистичките планови; финансирање, одржување и заштита на објекти од културно наследство, споменици и други објекти во општината; дезинфекција, дезинсекција и дератизација; за активностите на Општина Гевгелија во областа на ЛЕР и прекуграничната соработка; за активностите во областа на ФЛОРИТ; комуникација и транспарентност; одржување на јавното осветлување; активностите од областа на заштитата и справувањето со кризи; поставување урбана опрема и активности од областа на еднаквите можности на жените и мажите.
На седницата, членовите на Советот дадоа согласност на измените на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2022 година. Едногласно беше усвојувањето на Одлуката за престанување со работа и ликвидација, промена на назив на фирма, промена на скратен назив на фирма и назначување на ликвидатор на Зедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“- Струмица. Ова претпријатие престанува со работа како регионално во ЈИРП, а ќе продолжи да работи само во Општина Струмица од повеќе причини, за што беа согласни и останатите градоначалници на последната седница на Советот за развој на ЈИПР.
Предмет на расправа беа и Финансовите извештаи на Основните општински училишта, СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија и културните институции, кои беа усвоени од страна на членовите на Советот. Истѕо така, беа разрешени старите и именувани нови членови во Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Комисијата за односи меѓу заедниците во општина Гевгелија, Локалната комисија за борба против недозволена трговија со луѓе и илегална миграција, а беше разрешен и именуван нов член во Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија.
Советот ја продолжи важноста на Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси во Општина Гевгелија, која беше донесена од претходниот советнички состав како мерка за ублажување на последиците предизвикани од Корона вирусот, а со изминување на важноста до 31 декември, годинава. Со новата измена, одлуката продолжува да важи до 31 декември, 2022 година, поради се уште актуелната ситуација со пандемијата од КОВИД-19, но и енергетската криза која дополнително може да го наруши работењето на стопанските субјекти. Остануваат во сила намалените цени на комуналните такси за називот на фирма на деловни простории на физички лица кои вршат дејност, на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите и таксата за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност.

 

Според донесената Одлука за утврдување на висината на комуналните такси во општина Гевгелија, комуналната такса за називот на фирма на деловни простории за физички лица кои вршат дејност е намалена од 2.000 денари на 1.300 денари, комуналната такса за називот на фирма на деловни простории на физичките лица кои вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ, е намалена од 500 на 350 денари, комунална такса за називот на фирма на деловните простории на трговските друштва и други правни лица од областа на производството, прометот и услугите, од досегашните 6.000 денари е намалена на 4.000 денари. Додека, таксата за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност е намалена од 7 на 5 денари од метар квадратен на ден.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...