spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Лани, регистрирани 191 пожар

Гевгелија: Лани, регистрирани 191 пожар

Во Општина Гевгелија, во текот на 2021 година, се регистрирани 191 пожар, што е за 57 пожари повеќе во споредба со претходната година.

Најголем број на пожари 126 пожари биле на отворено, 39 пожари биле на објекти, а на сообраќајни средства имало 5 пожари. Исто така, имало 9 технички интервенции, како и други 12 интервенции.

 

Од ТППЕ- Гевгелија, апелираат граѓаните да ги исчистат оџаците и да извршат проверка на исправноста на електричната инсталација и грејните тела, како би се заштителе од пожар. Покрај тоа, препорачливо е да не се оставаат сијаличките од новогодишните елки да горат преку целата ноќ, внимателно ракување со електричните апарати и да не се користат петарди во затворени простории.

Инаку, при предновогодишната средба на градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, со вработените во ТППЕ- Гевгелија, беше нагласена потребата од натамошно зголемување на возниот парк и доопремување на пожарникарите. Имено, гевгелиските пожарникари наскоро ќе добијат комплетна специјализирана лична заштитна опрема за шумски пожари.

Станува збор за опрема обезбедена преку Југоисточниот плански регион од ИПА-ППС со Бугарија. Исто така, ТППЕ-Гевгелија, до крајот на 2022 година, треба да добие мало противпожарно возило во рамките на проектот на ЈИПР одобрен од ИПА-ППС со Грција.

Сарамандов ги информираше пожарникарите и за другите активности во Општината со цел да се зголеми противпожарната заштита.

 

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...