spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: На Клиниката за хематологија заврши инсталацијата и обуката за работа на...

МЗ: На Клиниката за хематологија заврши инсталацијата и обуката за работа на новиот проточен цитометар

На Клиниката за хематологија заврши инсталацијата и обуката за работа на новиот проточен цитометар. Набавката на новиот апарат ќе ја унапреди и осовремени работата и ќе овозможи адекватно да се одговори на секојдневно зголемениот обем на работа.

Лабораторијата за имунолошки анализи на Клиниката е единствена од овој вид во нашата држава и во неа се дијагностицираат и следат ефектите од терапија и спроведување на трансплантациите на пациентите со малигни хематолошки болести. Изминатите четири години Клиниката за хематологија е комплетно реновирана според европските стандарди и услови за хоспитализација. Првпат во нашата држава се воведени сите услуги од палетата на трансплантација, несродната, полуидентична и детските трансплантации.

Набавена е нова опрема за процесот на трансплантација, апарат за крипорезервација-смрзнување матични хематопетски клетки, апарат за оделување клеточни продукти-афереза, како и апарат за фотофереза, со кој се лекуваат најтешките пострансплатациски компликации. Од минатата година има и активно улога во прогностичката стратификација на тешките пациенти со КОВИД-19, се одредуваат во периферната крв Т клеточните супсетови кај пациентите.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...