На 2 јануари 2022 година во 16.55 часот на Одделот за гинекологија и акушерство при Општа болница Куманово се роди машко бебе, четвртта радост на семејството Синани.
Вчера традиционално од името на Општина Куманово на среќната мајка и беа врачени штедна книшка и пригодни подароци, наменети за првороденото бебе во Новата 2022 година, посакувајќи им здравје, среќа и радост.
Извор: Општина Куманово