spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Посета на домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“

Прилеп: Посета на домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“

Градоначалникот Борче Јовчески беше во посета на старскиот дом во Прилеп.

Од страна на директорот, беше запознат за ситуацијата со корисниците и состојбата во домот како и за реконструкцијата на таваните и поставувањето на амбиентални светла во старскиот дом, која што акција била спроведена како што посочи во соработка со Здружението „Лаг Агро Лидер“ и екипите на „ЕВН“ . Раководството на старскиот дом се заблагодари на соработниците и сите вклучени во оваа реконструкција.

Градоначалникот ја искористи оваа прилика да им ги честита новогодишните и божиќни празници на сите присутни и истакна дека и корисниците и одговорните лица во домот ја имаат максимално неговата поддршка и се надева на многу заеднички проекти во иднина, со што ќе се разубави нивниот престој и ќе се зголемат нивните удобности во домот за стари лица.

 

 

 

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

АХВ: МТВ -Тема на денот: Каква е опасноста по појавата на...

0
Македонска телевизија: Каква е опасноста по појавата на птичји грип? Гостин во Тема на денот на јавниот сервис професор Игор Џаџовски од Факултетот за ветеринарна...