Со поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација на кружниот тек на влезот и излезот во и од Неготино, комплетно се финализираа работите на овој проект.
Стручните служби при локалната самоуправа истакнуваат дека со поставувањето на сигнализацијата протокот на возила ќе се одвива побрзо и побезбедно, а тоа пак значи зголемена безбедност во сообраќајот за сите моторизирани граѓани, како и за пешаците, уште повеќе ако се има предвид фактот дека во близина е и СОУ„Св. Кирил и Методиј“ каде што настава посетуваат ученици кои се движат токму на оваа локација.
Извор: Општина Неготино