Покажувајќи општествена одговорност, фирмата „Саше мигоз“ од нашиот град во координација со локалната самоуправа и без финансиски надомест, со сопствена механизација и работна рака, изврши комплетно расчистување на депонијата кај социјалната зграда во Неготино.
При реализацијата на оваа активност, собрани се смет, земја и шут кои со 10 камиони се транспортирани на градската депонија Бучето.
Извор: Општина Неготино