Вчера градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска посети дел од згрижувачките семејства на СОС Детско село Скопје кои згрижуваат и овозможуваат топол дом и семејство на поголем број деца во социјален ризик, деца без родители и деца и млади кои се лишени од правото на родителска грижа.
Арсовска при посетата достави пакети со прехранбени производи до СОС Детското село за 68 загрижувачки семејства како и подароци за децата. Разговараа за живот таму, предизвиците со кои се соочуваат и можностите со цел овозможување на поквалитетни услови за живот и поголема инклузија на овие деца.
– Овие згрижувачки семејства со безрезервна поддршка и љубов, се топол дом и семејство за децата во социјален ризик, децата без родители како и младите без родителска грижа кои честопати се лишени од ова право. Денеска посетивме дел од семејствата и ги изненадивме најмалите со подароци, нема нешто поубаво од детска насмевка и радост, знаејќи дека имаат топол дом и згрижувачко семејство кое се грижи за нив. Овие згрижувачки семејства, со својата хумана мисија не само што обезбедуваат топол дом и семејство за дечињата од СОС Детското село, туку и им се и голема поддршка. Градот Скопје ќе биде активен партнер и поддржувач на мисијата и активностите на СОС Детското село и на овие згрижувачки семејства, истакна градоначалничката Арсовска по посетата на СОС Детското село.
Арсовска го посети и Ресурсниот Центар на СОС Детското село, каде оствари средба со директорката Александра Ивановски, семејства корисници на услугата советување и менторство по напуштање на грижа, како и со неколку млади кои имале статус деца без родителска грижа.
Извор: Град Скопје