На иницијатива на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, ЈПКД„Турија“, ја исчисти дивата депонија на влезот во населеното место Сушево. Купишта градежен шут и секаков вид друг отпад во огромни количини, деновиве се отстранети од површината покрај локалниот пат за с. Сушево, на која подолго време жителите од ова населено место, бесправно го исфрлаа отпадот од своите домаќинства.
Градоначалникот Андонов најавува почести контроли од страна на редарските комунални служби од општината, посебно на местата од кои се отстранети дивите депонии. Целта е да се спречи повторното депонирање отпад на овие површини, на кои во никој случај тоа не смее да се прави. Андонов апелира до сограѓаните за одговорно однесување, бидејќи грижата за животната средина и околината е обврска на секој граѓанин.
Извор: Општина Василево