На иницијатива на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, ЈПКД „Турија“, во населеното место Чанаклија, на терен, со механизација, спроведе активност на порамнување на улиците и чистење на дивата депонија.
Според информација од претставник од комуналниото претпријатие конкретно e работено на отстранување на земјени наноси од локалниот пат Чанаклија – Нова Маала наталожени по обилните врнежи во изминатиот период. Со нивното отстранување сер обезбедува поголема сигурност во одвивањето на сообраќајот за сите негови учесници.
Со оваа активност опфатено е и чистење на отпадот од дивата депонија во ова населено место.
Извор: Општина Василево