spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВасилево: Градоначалникот Славе Андонов, оствари средба со координаторот на ТИКА во Македонија

Василево: Градоначалникот Славе Андонов, оствари средба со координаторот на ТИКА во Македонија

Градоначалникот на општина Василево Слаев Андонов, беше на работна средба во седиштето на ТИКА (Турската агенција за соработка и координација), каде се сретна и разговараше со Координаторот на ТИКА во Македонија,  Халим Омер Согут.

„Разговаравме за продлабочување на соработката и унапредување на условите за живот во нашата општина преку реализација на проекти од заеднички интерес. Им се заблагодарив за досегашната плодна соработка и очекувам во иднина да ги продлабочиме нашите пријателски односи за доброто на граѓаните и просперитетот на нашите држави“, информираше преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/slave.andonov, градоначалникот Андонов“, во врска со средбата со координаторорт на ТИКА.

Во Василево, но и во регионот, ТИКА има реализирано повеќе проекти за решавање на проблемите на ранливите категории граѓани, како и вложување во образованието и здравството.

Во општина Василево, резултат на долгата и успешна соработка се повеќе проекти меѓу кои се и изградбата на нова училишната зграда  во населеното место Висока Маала, како и учеството во реконструкцијата на училишната зграда на ПУ „Гоце Делчев“ во с. Ангелци.

 

 

 

 

Извор: Општина Василево

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...