Врз основа на член 34 од Статутот на општина Радовиш (Сл.гласник на општина Радовиш бр. 05/02), како и врз основа Правилникот за критериуми за избор на најуспешни спортисти, спортски екипи и спортски работници бр.08-348/1 од 11.02.2015 год., Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на општина Радовиш на ден 04.01.2022 год. објавува :
ЈАВЕН ОГЛАС
за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2021 год.
како и за спортски работник за повеќегодишна работа
- Комисијата за култура, образование и спорт ги повикува сите спортисти и спортски екипи од општина Радовиш, кои имаат остварено спортски успеси во текот на 2021 година, да пријават кандидати на Јавниот оглас.
- Пријавата треба да биде потпишана и заверена од страна на овластеното лице на спортскиот клуб или здружението кое го пријавува спортистот, спортската екипа, тренерот или спортскиот работник.
Во пријавата треба да бидат наведени постигнатите резултати во поединечна или во екипна конкуренција во 2021 година, а во прилог да бидат приложени докази за истите (копија од диплома, фотографија, извештај од федерација и сл.).
- Рокот за доставување на пријавите е 7 (седум) работни дена од денот на објавувањето на Јавниот оглас, заклучно со 14.01.2022 год.
- Пријавите се поднесуваат на адреса :
ЕЛС општина Радовиш
Комисија за култура, образование и спорт
Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш
Или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш
Со назнака : За избор на спортист на годината
Kомисија за култура, образование и спорт
Претседател : Александар Кулушиќ
Извор: Општина Радовиш