spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Јавен оглас за финансиска поддршка - од 600 до 800 денари...

МЕ: Јавен оглас за финансиска поддршка – од 600 до 800 денари пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година.

Како што информираше министерот Бектеши, за оваа мерка обезбедени се 60 милиони денари.
Со цел да се обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија, согласно  Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година Министерството за економија денеска објави јавен оглас за доделување на  финансиска поддршка на лицата со ниски примања во 2022 година чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа за:

  • самец до 15.194 денари;
  • домаќинство со два члена до 18.000 денари;
  • домаќинство со три члена до 21.000 денари
  • домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и
  • домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари

Според јавниот оглас објавен на веб-страната на Министерството за економија, лицата со ниски примања се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 до 800 денари месечно сметано од денот на поднесување на барањето.

Доделувањето на финансиската поддршка го врши Министерството за  економија  преку селекција на пристигнатите барања од домаќинствата со примена на принципот  на најниски примања  во домаќинство во 2021 година за секоја од категориите наведени во овој оглас, се до исцрпување на предвидените средства согласно програмата.
Право на учество на овој  јавен оглас  имаат лицата со ниски кои ќе поднесат Образец за барање за искористување на финансиска поддршка кој може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на Министерството.

Со барањето за искористување на финансиската поддршка барателот до Министерството за економија задолжително ги доставува следните документи:

  • изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна (образецот на изјавата ќе може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството.
  • потврда од работодавецот за висината на исплатена плата во 2021 година или извештај од банка за уплатени пензиски примања од Фонд за ПИОМ (чек за пензиски примања) за висината на исплатената пензија во 2021 година и извод од банка за сите трансакциски сметки за 2021 година за подносителот и на членовите на домаќинството (доколку се вработени или приматели на пензија);
  • потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија  со која се докажува дека членовите на домаќинството не се вработени, доколку истите не се вработени и/или потврда од Фонд за ПИОМ дека членот на домаќинството не е примател на пензија.
  • доказ за членовите на домаќинството на барателот во фотокопија (лична карта за полнолетни лица, извод од родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од домаќинството);
  • фотокопија од последната добиена сметка за 2021 година за потрошена електрична енергија во домаќинството;
  • лицата со ниски примања 1 (самец) доставуваат изјава заверена на нотар со која потврдуваат дека живеат сами и со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна. Образецот на изјавата (ЗА САМЕЦ) може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството; и
  • фотокопија од лична карта на барателот и членовите на домаќинството (доколку се полнолетни).

Барањето за искористување на финансиска поддршка заедно со потребната документација, барателите по пошта ќе го достават во затворен плик до Министерство за економија на адреса „Јуриј Гагарин“ бр.15, 1000 Скопје, со назнака – јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година, име и презиме и адреса на барателот и задолжително назнака за број на членови на домаќинството (самец, домаќинство со два члена, домаќинство со три члена, домаќинство со четири члена, домаќинство со пет члена и повеќе).

Финансиската поддршка се доделува на месечно ниво по корисник во времетраење од 12 месеци.

На ранливите потрошувачи на енергија согласно програмата коишто користат гарантирана минимална помош и остваруваат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во согласност со член 42 од Законот за социјална заштита и старите лица согласно член 7 од Законот за социјална сигурност на стари лица не им следува финансиска поддршка од овој оглас.

Рокот за аплицирање по овој јавен оглас изнесува 30 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас.

Јавниот повик и потребната документација може да ја најдете на веб-страната на Министерството за економија на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/3070.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...